5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПроекција на документарниот филм „Вавилонски двор“

Проекција на документарниот филм „Вавилонски двор“

la cour de babel

Францускиот институт во Скопје организира проекција на документарниот филм „Вавилонски двор“ (2014-та година) на Жили Бертучели, во вторник, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија.

Филмот се прикажува во знак на одбележувањето на Месецот на документарниот филм.

Фигароскоп за филмот напиша дека е „лекција за животот и слободата“, Лес Инрок, пак, дека „утешува и освежува“, додека Ле Монд пишува дека „Бертучели маeстрално се постaвува како еден од сведоците во филмот, и на крајот од час и половина воопшто не ќе сакате да се разделите од ликовите излезени од реалноста“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП