15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на романот „Невидливи љубови“ во МКЦ

Промоција на романот „Невидливи љубови“ во МКЦ

невидливи

Во Галеријата при МКЦ, денес, со почеток во 20.30 часот, ќе биде промовиран романот „Невидливи љубови“ на Владимир Јанковски, издание на „Антолог“. Романот е објавен со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

„Невидливи љубови“, инаку втор роман на Јанковски, е составен од три приказни, во кои авторот преиспитува некои од клучните аспекти на современата љубов: односот меѓу присуството и отсуството, опседнатоста со појавното и со видливото, идејата за Другиот како конструкција и како фикција. Како се однесува кон девојката што ја сака некој кој може да се преобразува во предмети? На кој начин сака човек опседнат со набљудување? Што прави оној кој, секогаш кога ќе се доближи до девојката во која е вљубен, станува невидлив? Ова се само дел од клучните прашања во романот.

Две нетипични бајки за возрасни премостени со една филмски раскажана приказна, во кои како во музичка композиција идеите варираат, се надополнуваат, си противречат или течат паралелно една покрај друга.

Промотор на романот е Влада Урошевиќ, а делови од книгата ќе читаат Николина Андова-Шопова и Владимир Мартиновски.

Во рамки на промоцијата ќе се одржи и разговор со авторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП