21 април, 2025
ПочетнаСВЕТАтентат на словачкиот премиер, застрелан со неколку истрели(ВИДЕО)

Атентат на словачкиот премиер, застрелан со неколку истрели(ВИДЕО)

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава.

Обидот за атентат се случил кога Фицо отишол меѓу насобраните луѓе.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава.

Напаѓачот е уапсен на лице место.

Според очевидци, Фицо им пришол на луѓето и биле испукани неколку истрели. Фицо паднал на земја, а напаѓачот веднаш бил приведен од полицијата.

Словачкиот премиер е префрлен со хеликоптер во болница во Братислава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП