Сообраќајот на патните правци низ Македонија се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Поради потребите за снимање на францускиот филм „A Fond“, делот од атопатот А1, делницата од мотел Македонија до Градско ќе биде затворена за сообраќај од 05 до 18 часот. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.