13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкција за собирање на отпадни гуми во Вардариште

Акција за собирање на отпадни гуми во Вардариште

отпадни-гуми

Акција за собирање на отпадни гуми и отпадни материјали кои можат да бидат согорени и да предизвикаат големи штети и загадување на околината, беше организирана во населеното место Вардариште.

Акцијата беше организирана од Комуналната инспекција и инспекцијата за животна средина на општина Гази Баба во соработка со Министерството за внатрешни работи.

„Со оваа реализирана активност се спречува можноста за спалување на гумите кои беа одземени, а воедно се опоменуваше локалното население за казнените одредби од Законот за јавна чистота и Законот за животна средина“, информира локалната власт.

Беа собрани околу 40 отпадни гуми и останати отпадни материјали, односно околу 200 кг. отпад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП