Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,323.24 -0.09%    BESK 9,964.47 0.66%    CEVI 899.00 0%    FERS 60,250.00 3.52%    GRNT 857.92 1.16%    KMB 5,495.51 3.25%    MKSD 210.00 5%    MPOL 293.00 0%    MPT 47,943.65 9.91%    MTUR 4,800.00 0.19%    OHB 6,433.18 0.88%    OKTA 5,023.06 5.82%    RMDEN17 95.69 0.09%    RZLV 81.87 -0.88%    RZUS 153.36 2.58%    SBT 2,000.00 0%    STB 1,000.41 1.89%    STIL 155.90 1.32%    TEL 278.09 2.24%    TETE 2,400.00 4.35%    TNB 14,225.34 2%    TPLF 1,002.00 -9.97%    TTK 1,025.66 -0.45%    UNI 2,649.88 1.19%    

Втора донаторска конференција посветена на зголемениот наплив на бегалци и мигранти

Време: 08:17

Датум: ноември 10, 2015

Категорија: ЕКОНОМИЈА

донаторска-средба

Втората по ред донаторска конференција посветена на зголемениот наплив на бегалци и мигранти, со цел координирање на напорите и акциите на сите засегнати страни во справувањето со овој предизвик во глобални размери, се одржа во понеделник во Скопје.

Вчера, во организација на Секретаријатот за европски прашања се одржа втората по ред донаторска конференција посветена на зголемениот наплив на бегалци и мигранти, со цел координирање на напорите и акциите на сите засегнати страни во справувањето со овој предизвик во глобални размери.

На конференцијата, во организација на Секретаријатот за европски прашања, свое обраќање имаа Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, Аиво Орав амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во Р. Македонија, Сузана Салиу, Директор на Центарот за управување со кризи, како и претставници од Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи.

Гости и учесници на настанот беа амбасадорите на земјите членки на ЕУ со седиште во Република Македонија, претставници на меѓународните организации инволвирани во процесот, како и претставници на државните институции.

Во своето обраќање Вицепремиерот Бесими се осврна на конкретните активности кои се превземаат во поглед на координацијата на справувањето со ситуацијата, како и координацијата во поглед на дефинирање на потребите за справување со ситуацијата од страна на институциите.

За време на конференцијата беше истакнато дека е потребна понатамошна меѓународна и европска помош, особено во пресрет на студените зимски месеци, со цел постигнување на достоинствен и хуман третман на сите тие луѓе.

Воедно, беше нагласено дека Македонија прави сè што е во нејзина моќ и останува посветена во исполнувањето на задачите во поглед на справување со овој огромен предизвик, како обезбедување на навремена размена на информации и ефективна соработка, поддршка на бегалците во обезбедување на привремено засолниште, одмор, храна, медицинска заштита, менаџирање на миграциските текови преку обезбедување на целосна регистрација на пристигнувањата, со максимална употреба на биометриски податоци особено отпечатоци од прсти, зголемена гранична контрола, подобрување на полициската и судската соработка како и зголемени активности против криумчарењето мигранти и трговија со луѓе, со поддршка на Европол, Фронтекс и Интерпол.

На крајот на конференцијата Вицепремиерот Бесими им се заблагодари на сите донатори за нивната поддршка, и ги повика и останатите меѓународни и европски чинители да го дадат својот придонес за да може Македонија соодветно да се справи со настанатата состојба.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Започна акцијата за реновирање на детското спортско катче во Златен Сремец

    Започна акцијата за реновирање на детското спортско катче во Златен Сремец

    Волонтери од Македонија и од другите земји во Европа, претставници на општина Кисела Вода и Агенцијата за млади и спорт, како и вработени во ПОУ…

  • САД планира да ги спречи кинеските инвестиции во американските технолошки фирми

    САД планира да ги спречи кинеските инвестиции во американските технолошки фирми

    Министерството за финансии на САД подготвува правила кои ќе ги спречат компаниите со најмалку 25 проценти во кинеска сопственост да купуваат американски компании во „индустриски…

  • Половина од европските компании ги намалуваат своите инвестиции на Островот

    Половина од европските компании ги намалуваат своите инвестиции на Островот

    Речиси половина од големите европски компании ќе ги намалат инвестициите во Велика Британија поради излезот на земјата од Европската унија, покажа истражувањето на мултинационалната правна…

  • 1.300 работници ќе добијат субвенциониран одмор

    1.300 работници ќе добијат субвенциониран одмор

    Министерот за економија, Крешник Бектеши, информира дека 1.300 работници добиле ваучери за субвенциониран годишен одмор. Тој рече дека со оглед дека со оваа бројка ќе…

  • Шилегов: И преку лето работиме на решавање на проблемот со загадувањето

    Шилегов: И преку лето работиме на решавање на проблемот со загадувањето

    Град Скопје работи на решавање на проблемот со загадувањето и во летниот период кога никој не ги чувствува последиците од загадениот воздух во Скопје, изјави…

  • Светско првенство: кладилниците тријат раце

    Светско првенство: кладилниците тријат раце

    Светското фудбалско првенство е во полн ек – ова е најдобриот период за спортските фанови, но и за спортските обложувалници кои имаат неколкукратно зголемен промет.…

  • Огласот за закуп на земјиште во Џумајлија трае уште пет дена

    Огласот за закуп на земјиште во Џумајлија трае уште пет дена

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари…

  • По победата на Ердоган, зајакна турската лира

    По победата на Ердоган, зајакна турската лира

    По претседателските и парламентарните избори во Турција, забележан е пад на вредноста на американскиот долар во однос на турската лира. Лирата утрово зајакнала за 1,5…

  • Бензините поветинуваат за денар, цената на дизелот останува иста

    Бензините поветинуваат за денар, цената на дизелот останува иста

    Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната…

  • Нови 26 енергетско-ефикасни фасади во општина Центар

    Нови 26 енергетско-ефикасни фасади во општина Центар

    Дваесет и шест згради во општина Центар добија енергетско-ефикасни фасади кои ќе го задржат автентичниот изглед на зградите и боите за кои последниот збор ќе…