7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезири: Од 150 млн евра, 37 за земјоделците Албанци

Незири: Од 150 млн евра, 37 за земјоделците Албанци

neziri885

Рапидно расте бројот на земјоделци кои користат субвенции наменети за земјоделците, а овој тренд се забележува и кај приватни земјоделци Албанци, како и од фирми кои се во сопственост или раководени од Албанци, беше заклучено на средбата на владината делегација предводена од министерот за економија, Беким Незири, со претставници од Министерството за земјоделство.

Тема на средбата на владината делегација во која учествуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими и пратеникот Реџаил Исмаили, со министерот Михаил Цветков, од државниот секретар Бесир Јашари и директорите во овој ресор, беше спроведувањето на проектите во областа на земјоделството и сточарството.

На средбата се истакна дека се реализирани бројни капитални проекти, како што се изградба на хидросистеми, пречистителни брани, обновување и изградба на канали за наводнување, водоводи, канализација, локални патишта, планински патишта, како и санација на туристички објекти, инвестиции кои само оваа година достигаат 150 милиони евра.

По средбата, министерот за економија, Беким Незири рече дека во овој сектор во 2015 година се инвестирани 150 милиони евра, од кои 35 милиони евра се распределени по општините кои се раководат од Албанци.

„Тука сме за да покажеме и докажеме дека земјоделството и сточарството се меѓу главните приоритети на Владата. Разговаравме за тоа што е постигнато досега и за тоа што ќе се спроведува во текот на 2016 година. Сакам да го изразам моето задоволство што субвенциите во општините со доминантно албанско население од година во година забележуваат позитивен тренд. Така, за 2015 година, од 150 милиони евра, колку што беа предвидени за субвенционирање на земјоделството и сточарството, 35 милиони евра се распределени во општините раководени од Албанци. За 2016 година, оваа сума ќе се зголеми за дополнителни два милиони евра и субвенциите за земјоделците Албанци ќе достигнат 37 милиони евра, од предвидените 150 милиони евра”, изјави министерот Незири.

„Капиталните инвестиции се постојана цел и во оваа смисла нашата посветеност е конкретна. Така, треба да се напомене дека имаме изготвен проект и отворен тендер за изградба на ХЕЦ Равен – Речица, во вредност од 18 милиони евра. Во фаза на подготовка е документација за изградба на браната на реката Слупчане, со која ќе се обезбедат дополнителни количини на вода за пиење во населените места на општина Липково и наводнување на 5.000 хектари обработливо земјиште. За овој проект ќе бидат издвоени 13 милиони евра. Во албанските населби од програмата за рурален развој, односно локални патишта, водоводи, урбанистичкото планирање и канализација, оваа година се инвестирани вкупно 7.2 милиони евра. Во овие населби, за потребите на земјоделците, изградени се вкупно 40 километри планински патишта, во вредност од 82 илјади евра, а за расчистување на каналите во должина од 16,8 километри, инвестирани се вкупно 270.000 евра. Јас спомнав само неколку од спроведените проекти, но и оние кои се очекува да се реализираат”, рече Јашари.

Во текот на денот министерот Незири со делегацијата остварија посета на компанијата „6 браќа“ во село Батинци, општина Студеничани, а на агендата на делегацијата предводена од министерот Незири е и Организацијата на земјоделци од општина Сарај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП