17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД ја намали прогнозата за светскиот раст во 2015-та година

ОЕЦД ја намали прогнозата за светскиот раст во 2015-та година

oecd 3303

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја намали прогнозата за раст на светската економија до 2,9% за оваа година, што е далеку под просечните очекувања на среден рок.

Од институцијата ги зацврстија своите очекувања за стабилизирање на светскиот раст во 2016-та и 2017-та година до 3,3 и 3,6%, соодветно. Забрзувањето на растот сепак ќе бара непречен ребаланс на активностите во економиите во развој, а особено во Кина.

Во септември од „ОЕЦД“ предвидуваа раст на светската економија од 3%, што повторно беше намалување на очекувањата од јуни, кога прогнозата беше за зголемување од 3,1%. Иако развиените економии беа отпорни на потресите кои се зголемуваат од почетокот на годината, тие ќе станат многу почувствителни во месеците до крајот на годината, прогнозираат уште од „ОЕЦД“.

„За растот на кинеската економија се потпираат на инфраструктурни проекти и државни инвестиции, како и кон раст ориентиран врз база на потрошувачката, е во основата на намалувањето на цените на суровините. Оваа трансформација во иднина може да ја направи улогата на кинеската економија и многу помала врз светската“, се вели во извештајот на финансиска институција.

Растот на кинеската економија се очекува да е 6,8% во оваа година и да продолжи да забавува до 6,2% во 2017-та година, според проекциите на „ОЕЦД“.

„Многу од светските економии, особено во развој, се соочуваат со финансиски предизвици, како и со предизвици поврзани со забавување на растот на извозот“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП