30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Србија се продаваат „мини станови“ за 7.000 евра

Во Србија се продаваат „мини станови“ за 7.000 евра

04

Дали животот во 8 или 10 квадратни метри е можен? Ако не сте многу пребирливи, а сакате да се вдомите, за вас вистински избор се т.н „мини станови“.

Кај нас и во регионот се ретка појава, но на запад, на пример во Франција оваа појава е многу распространета, бидејќи цената на квадрат во Париз достигнува неверојатни 40.000 евра.

Во соседна Србија од неодамна се забележани мини станови во кои можете да се вдомите за мали пари. Па така на пример во Белград парите кои би ги потрошиле за учество во стан, можете да ги насочите во купување на мини стан, а ако знаете да го организирате својот животен простор во такво станче, ќе можете да сместите се што ви е потребно за живот.

Малите станови можат да бидат многу убави ако имате доволно имагинација, време и волја убаво да ги средите. Така станот од 20 квадрати, па дури и оној од само 10 квадрати може да биде простор во кој ќе можете убаво да се сместите.

Во Франција пред неколку години беше претставен проектот „Kitoko studiо“ кој е наречен „девојачка соба“ со цел да се покаже дека и од најмалиот простор може да се извлече многу. Па така, тие соби во Париз се скоцкани, како што наведуваат дизајнерите, според концептот „швајцарски нож“ – има многу делови на извлекување и вовлекување, па така се штеди просторот.

Нови Сад

Во понудата, на пример, можете да најдете мини стан во Нови Сад за само 7.000 евра. За споредба, толку пари ќе ви бидат потребни само за учество за крадит за стан од 35 квадрати во Белград. Со оваа инвестиција би можеле да добиете стан од 15 квадрати, кој веднаш е вселив, има централно греење, гаража и телефон, а станува збор за новоградба.

Во Нови Сад има и понуда за мини станови од 12 квадрати со цена од 8.500 евра. Станува збор за недвижнини со централна локација во Нови САД, станови кои се веднаш вселиви, имаат телефон, гаража, централно греење.

Белград

Понудата на мини станови е разновидна и во главниот град на Србија. Така, на пример, во понудата има мини станови од 12 квадрати во Белград, на Карабурма, со цена од 8.000 евра. Становите исто така имаат телефон и централно греење и се веднаш вселиви.

Во Земун, на пример, можете за истите пати да купите малку поголем стан, од 16 квадрати. Становите се сутерен, реновирани, имаат телефон, кабловска и интернет, како и комплетни документи за легализација.

Ниш

Во Ниш, за 7.000 евра можете да купите мини стан од 18 квадрати. Станува збор за дел од градот – Пантелеј, а становите се стара изградба, веднаш вселиви и на приземје.

Јагодина

И во Јагодина има мини станови. Така еден во делот Колонија од 18 квадрати чини 8,200 евра. Гарсоњери, комплетно реновирани, со ходник, бања, соба, одделна кујна и сето тоа во 18 квадрати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП