24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорекција на цената на нафтата ќе има во 2016-та

Корекција на цената на нафтата ќе има во 2016-та

suhail muhamed

Министерот за енергетика на ОАЕ, Сухаил Мухамед Ел Мазруеи вели дека ниската цена на нафтата ќе има „корекција“ во 2016-та, но и додава дека не се само „ОПЕК“ да се зголемуваат цените на нафтата. Цената на нафтата забележа пад од преку 50 проценти за една година.

На меѓународната конференција за нафтата во Абу Даби, министерот Сухаил Мухамед ел Мазруеи рече дека оваа година имало неодлучности и невољи и истакнува дека ќе дојде до корекција на цената на нафтата.

„Тие невољи не се нови во оваа индустрија. Тоа сите го знаеме, минувавме низ тоа и ќе бидеме уште посилни“, вели Ел Мазруеи.

Тој истакна дека ОАЕ планира да го зголеми производството од 2,9 на 3,5 милиони барели дневно, „не да го преплави пазарот, туку да го избалансира кога е потребно“.

Цената на нафтата на светските пазари падна за повеќе од 50 отсто од средината на минатата година.

Големите флуктуации на цената на нафтата не се нови за Блискиот исток, но земјите од Персискиот залив кои официјално зависат од извозот на нафтата, можат да бидат под притисок доколку ниските цени останат и во следната година.

Падот на цената на нафтата е предизвикана од неколку причини меѓу кои се зголемување на американското производство на нафта од шкрилци и очекуваното доаѓање на пазарот на нафтата од Иран, кога санкциите ќе бидат укинати со договорот за нуклеарна програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП