28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот извоз забележа раст во однос на септември

Германскиот извоз забележа раст во однос на септември

izvoz ger11

Германскиот извоз расте побрзо од очекуваното, со 2,6% на месечна основа во септември, соопшти германската статистичка служба „Destatis“. Предвидувањата на аналитичари беа за 2% раст, а вредноста е највисока од декември 2014-та година.

Минатиот месец беше забележан пад во извозот од 5,2%, што беше најостро месечно намалување од финансиската криза досега, потсетува „Financial Times“. Главната причина беше доцнењето на растечките економии.

Увозот исто така се опоравува во септември, откако забележа раст од 3,6% на месечна основа при прогноза на аналитичарите од само 1%. Во август имаше пад од 3,2%.

Така најголемата европска економија забележа трговски суфицит од 22,9 милијарди евра, повеќе од очекуваните 20 милијарди евра и исто над вредноста од август – 15,4 милијарди евра.

Скандалот со манипулациите во „Volkswagen“ започна на 18-ти септември, што е премногу доцна во месецот, за да се покаже дали кризата влијаела на извозот од Германија, нагласува „FT“. Во октомври продажбата на „Volkswagen“ се намалила за 9,8% на годишна основа, покажаа податоците на „Society of Motor Manufacturers and Traders“.

Минатата недела донесе некои разочарувачки податоци за германските фабрички нарачки и индустриското производство. Ова дополнително ја зголеми загриженоста за потенцијално забавување на германската економија, потсетува „WBPonline“.

Одложувањето на економскиот раст во Кина и голем број пазари во развој претставува ризик за економијата на Германија, која е силно зависна од извозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП