6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИсториски резултат на Ѓоковиќ во Париз

Историски резултат на Ѓоковиќ во Париз

novak-djokovic-miami-open-tennis_3284770

Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Мастерс турнирот во Париз, откако во финалето, за 92 минути игра, го совлада Енди Мари си 6:2, 6:4.

Ѓоковиќ во Париз се запиша во тениската историја како првот играч кој во една сезона освои шест Мастерс титули, претходниот рекорд од пет Мастерс титули го делеа Ѓоковиќ (2011), Надал (2013), Конорс (1976) и Лејвер (1970).

Исто така Ѓоковиќ е единствениот играч кој во Париз освоил четири титули, една повеќе од својот тренер Борис Бекер и Марат Сафин.

Српскиот тенисер против Мари го одигра најдобриот меч во Париз и сигурно стигна до титулата. Мари едниствено успеа да се закани во средишницата на вториот сет, кога направи рибрејк, а потоа и поведе со 2:3, но Ѓоковиќ успеа да го одбие тој налет на ривалот и да забележи победа во два сета.

Вкупно, Ѓоковиќ имаше 10 винери и 12 неизнудени грешки, а Мари запиша 20 директни поени и дури 34 неизнудени грешки. Ѓоковиќ ја осови 10-та титула во 2015 година, вкупно 57-ма во кариерата, а во дуелите со Мари води с 21-9.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП