13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар ја реконструира улицата „Ленинова“

Општина Центар ја реконструира улицата „Ленинова“

leninova

Општина Центар, по 30 години, започна со реконструкција на улицата „Ленинова“. Жителите бараа, конечно, оваа позната и прометна улица да добие нов лик. Оперативата работи две недели, и од сабота улицата веќе се асфалтира, сооштуваат од општината.

Првата фаза од реконструкцијата  е од кривината кај „Градски парк”, до улицата „Илинденска“, во должина од 150 метри и 7 метри широчина. Каблите на кабелските оператори ќе бидат поставени под земја.

Се работи според предвидените планови и рокови за реконструкција на улицата.

По завршување на овој сегмент, веднаш ќе се започне и со реконструкција на следниот потег на „Ленинова”, од ул. “Орце Николов” до бул. „Илинденска“.

Во контекст на тој дел од општината, во текот на наредната недела, започнува и комплетна ревитализација на улицата „Благој Страчков”, вклучувајќи ја и изведбата на атмосферска канализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП