18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија исто така ќе може да заплени странски средства

Русија исто така ќе може да заплени странски средства

moskva 2839

Русија усвои закон со кој и се овозможува да заплени странски средства на своја територија. Ова е одговор на одземањето на руски имот во голем број европски земји во врска со аферата „Јукос“, пренесе Франс прес.

Законот воведува принцип на реципроцитет – јурисдикционите имунитети на странска држава и на нејзиниот имот може да бидат ограничени, ако се утврди дека таа ги ограничува соодветните имунитети на Русија и на рускиот имот.

Одземањето на имунитетот на странска држава не може да биде оспорен и може да се изврши на секој стадиум од постапката за замрзнување на руски средства во соодветната земја. Москва сепак не добива можност да ги презеде средствата на шефови на држави и амбасади, како и воени бродови или авиони.

Законот, усвоен на 23-ти октомври во одговор на замрзнувањето на руски средства во странство, е објавен во „Росискаја газета“ во четвртокот и влегува во сила од 1-ви јануари.

Руски средства во странство се замрзнуваат врз основа на одлука на Арбитражниот суд во Хаг од 2014-та година, што ја обврзува Москва да им отплати на акционерите на нафтената компанија „Јукос“ рекордно обештетување од 50 милијарди долари (37 милијарди евра).

Судот сметаше дека руската држава стои зад распадот на нафтениот гигант во 2004-та година и е инспириран од политички причини, бидејќи конгломератот беше сопственост на олигархот и противник на Кремљ, Михаил Ходорковски.

Русија одби да ја изврши пресудата на Хаг и претседателот Владимир Путин веднаш изјави дека Москва „ќе ги брани интересите“. Во голем број земји веќе се запленети руски средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП