7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Класен непријател“ премиерно во велешкиот театар

„Класен непријател“ премиерно во велешкиот театар

klasen neprijatel 33

На малата сцена на Театарот „Јордан Х.К.-Џинот“ во Велес во сабота вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Класен непријател“ од Најџел Вилијамс во режија на Теа Беговска.

Како што појасни уметничкиот директор Васил Зафирчев, станува збор за познат драмски текст во светот кој ја третира социјалата помеѓу луѓето не само во класна, туку и во животна и човечка смисла.

„Станува збор за еден многу ангажиран драмски автор актуелен за современите значења и толкувања на општествено политичката стварност, не само на Балканот, туку и во Европа и светот“, вели Зафирчев.

Младата режисерка Теа Беговска рече дека главното прашање кое го поставува оваа претстава е што е знаењето и колку тоа може да го поправи овој  свет.

„Јас дадов слика на нашиот општествен систем акцентирајќи ги раскажувањата на ликовите и нивните тажни судбини, нивните „предавања“ кои се одбранбен механизам против овој општествен механизам“, рече Беговска.

Во претставата, која е четврта премиера од годишната програма на театарот, настапува скоро целокупниот театарски ансамбл, а позначајните улоги ги толкуваат Жарко Спасовски, Фаик Мефаиловски, Талија Настова, Марија Стефановска и Александар Велјановски.

Сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Александра Крнинова Груев, а автор на музиката е Енес Беговски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП