7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите корпоративни скандали во историјата

Најголемите корпоративни скандали во историјата

Handshake with money

Оваа година светот беше потресен од еден исклучително голем корпоративен скандал, кој пристигна од седиштето на најголемиот европски производител на автомобили „Volkswagen“.

Еве и некои од најголемите корпоративни скандали, кои се случија во последниве години:

Сметководствена измама во „Olympus“.

skandal korp1

Поранешни шефови на производителот на производи за фотографска индустрија се изјаснија дека учествувале во сметководствени измами во вредност 1.7 милијарди долари спроведени во повеќе од десет години. Овој скандал речиси ја доведе до банкрот јапонската компанија. Тој беше откриен во 2011-та година, кога поранешниот извршен директор на компанијата Мајкл Вудфорд откри сомнителни исплати во сметководството на компанијата предводена од него.

Корупциски скандал поврзан со бразилската државна нафтена компанија „Petrobras“.

skandal korp2

Предвидената вредност на овој скандал се проценува на околу 2 милијарди долари во моментов. Овој скандал ја тресе компанијата со месеци, а постојано излегуваат нови и нови податоци поврзани со него. Обвинителите го обвинија поранешниот извршен директор на компанијата за бесправното пренасочување на милијарди долари од неа за лична употреба или за мито на официјални претставници. Над 80 лица, вклучувајќи и високи бразилски политичари се вмешани во скандалот.

Скандалот со девизните манипулации.

skandal korp3

Тој беше откриен во 2012-та година, кога од „Barclays“ се изјаснија за учество во шема за манипулирање на меѓубанкарската стапка „LIBOR“. Тој се користеше за одредување на цената на должничките инструменти во износ од илјадници милијарди долари низ целиот свет. Загубата од овој скандал се проценува на околу 9 милијарди долари за индустријата до моментов. Постои и прва пресуда за банкарот Том Хејс, во износ од 14 години, се верува дека тој стоел во основата на заговорот за манипулирање на каматната стапка.

Пирамидата на Берни Медоф.

FILES-US-FINANCE-FRAUD-JUSTICE-MADOFF

Проценката на штетите од оваа измама, остварена од некогаш „почитуваниот“ финансиски експерт Берни Медоф, е во износ од 20 милијарди долари. Тој се изјасни за виновен во врска со дадените обвиненија кон него и во моментов ефикасно отслужува затворска казна од 150 години.

Сметководствен скандал, кој ја доведе до банкрот на „Enron“.

skandal korp6

Енергетскиот гигант „Enron“ банкротираше во 2001-ва година, па така стана најголемиот корпоративен банкрот во САД. Штетите од сметководствените измами, доведоа до тоа, тие да се проценуваат на 74 милијарди долари. Пензиските сметки на илјадници вработени на компанијата исчезнаа во рамките на еден ден, а акциите поевтинија од 90.75 на 0,67 долари.

Сметководствената измама во „WorldCom“.

Photograph shows WorldCom sign at the company's facility in Ashburn, VA., June 26, 2002. Telecoms group WorldCom sent shockwaves through global markets Wednesday after revealing it had inflated its profits by $3.8 billion, one of the largest accounting scandals in history. WorldCom Inc, the second biggest U.S. long-distance telecoms group, Tuesday night fired its Chief Financial Officer Scott Sullivan and said it would restate its results for the last five quarters, erasing all profits from the beginning of 2001. REUTERS/Win McNamee WM/MMR - RTR6VLY

Некогаш втората најголема компанија која нуди фиксна телефонска услуга, исто така се вмеша во сметководствен скандал, кој придонесе до загуби во износ од 107 милијарди долари. Таа банкротираше во 2002-ра година, откако стана јасно дека нејзините менаџери вештачки пренеле средствата во износ од 11 милијарди долари преку лажни сметки. Бернард Ебер, поранешниот извршен директор на компанијата, е осуден на 25 години затвор.

Скандалот со „Volkswagen“.

skandal korp7

Штетите од скандалот можат да достигнат 87 милијарди долари, според експертите од „Credit Suisse“. И иако од компанијата ја дефинираат оваа сума како нереално висока, на сите им е тешко да се утврди каква може да е потенцијалната загуба по завршувањето на скандалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП