15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтоВАЗ го откри теренецот Lada XRay (фото+видео)

АвтоВАЗ го откри теренецот Lada XRay (фото+видео)

terenec lada3

Компанијата „АвтоВАЗ“ официјално го покажа теренцот „Lada XRay“. Сериското производство на моделот стартува на 15-ти декември во Тољати, а старот на продажбата е планиран за февруари 2016-та година.

terenec lada1

Во основата на автомобилот е платформата „B0“ на која се изградени „Renault Sandero Stepway“ и „Renault Logan“. Во дизајнот на моделот учествувале инженери од Алијансата „Renault-Nissan“ и од автомобилскиот завод Волжскија. Според претставници на „АвтоВАЗ“ во конструкцијата на „Lada XRay“ има над 500 оригинални детали, создадени специјално за него.

terenec lada2

Димензиите на моделот се должина од 4164 мм, ширина од 1764 мм и висина од 1570 мм. Растојанието помеѓу двете оски е 2592 мм. Багажниот простор има капацитет од 376 литри, а со отстранување на седишта, овој обем се зголемува до 1382 литри.

terenec lada

Автомобилот ќе биде опремен со два бензински мотори со зафатнина од 1,6 литри со моќност од 106 и 114 КС, како и со 1,8-литарски, исто така бензински, чија моќност е 123 КС. Трите мотори можат да бидат во комбинација со рачен менувач со 5 и 6 брзини, како и со автоматска трансмисија. Најмоќна верзија ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 10,2 секунди, онаа со 114 КС за 10,3 секунди, а верзијата со 106 КС за 11,9 секунди.

terenec lada4

Во опремата на хечбекот се вклучени системите „ABS“, „ESP“, воздушни перничиња, предни светла за магла, загревање на предните седишта и предни електрични стакла. Во понудата ќе бидат и сензор кој го покажува притисокот во гумите, камера за рикверц, како и информациско-забавен систем со 8-инчен дисплеј.

Цените на „Lada XRay“ ќе станат познати при стартот на продажбата, а се очекува основната верзија да стартува од малку над 10.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП