15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален буџетскиот дефицит на Франција

Намален буџетскиот дефицит на Франција

francijakrizafrance

Буџетскиот дефицит на Франција на крајот на септември достигна 74,5 милијарди евра, што е за шест милијарди евра помалку отколку во истиот период минатата година, соопшти францускиот државен Секретаријат за буџет.

Буџетските расходи на крајот на септември изнесувале 275,3 милијарди евра, додека во истиот период пред една година биле 278 милијарди евра.

Даночните приходи пораснаа од минатогодишните 220,7 милијарди на 226,5 милијарди евра во септември оваа година, што е раст од 2,6 проценти.

Трошоците на државните службеници се зголемени за 0,7 проценти, на 91,3 милијарди евра, пренесува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП