26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем раст на британската индустрија од април 2014

Најголем раст на британската индустрија од април 2014

@

Преработувачката индустрија во Велика Британија во месец септември порасна по највисока стапка од април 2014 година, додека трговскиот дефицит е намален повеќе од очекуваното, соопшти британскиот Национален завод за статистика.

Преработувачкиот сектор во извештајниот месец забележа раст за 0,8 проценти, по растот од 0,4 проценти во август, додека економистите во просек предвидуваа стапка на раст од 0,4 проценти за септември, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на статистичкиот завод се додава дека трговскиот дефицит во септември изнесувал 9,351 милијарди фунти, во однос на 10,786 милијарди во април. Аналитичарите очекуваа дефицит од 10,6 милијарди фунти во септември.

И покрај тоа, како што наведуваат експертите, придонесот на надворешната трговија во бруто домашниот производ во третиот квартал, без сомневање, ќе биде негативен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП