27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама го отфрли нафтоводот Keystone XL

Обама го отфрли нафтоводот Keystone XL

keystone-xl-pipeline

Американскиот претседател Барак Обама во петокот го отфрли проектот за нафтоводот Keystone XL од Канада, по што активистите за заштита на природната средина ја поздравија, а републиканците обвинија дека неговата одлука ќе ѝ наштети на економијата на САД.

„Нафтоводот не би донел значителен долгорочен придонес на нашата економија“, изјави американскиот претседател Барак Обама на прес-конференција. Keystone XL не би ги намалил цените на горивото за возачите, а испораката на „валкана“ сирова нафта од Канада не би ја подобрила американската енергетска сигурност, рече Обама.

Аналитичарите велат дека стопирањето на проектот на компанијата „TransCanada Corp“, со кој на ден би се испорачувале 800.000 барели нафта, претставува удар за канадската покраина Алберта, но на САД им обезбедуваат посилна позиција пред преговорите за климатските промени на самитот во Париз на 30-ти ноември.

„Доколку го одобревме проектот Кејстон тоа значително би ја намалило нашата способност да го предводиме светот во борбата против климатските промени“, изјави американскиот државен секретар Џон Кери, пред Обама да ја донесе конечната одлука.

Преку нафтоводот Keystone XL требаше да се испорачува сирова нафта од Алберта и Северна Дакота до рафинериите во Илиноис, и во крајна линија до брегот на Мексиканскиот залив. Против проектот лобираа зелените движења, која веднаш ја поздравија одлуката на Обама.

„Ова е голема победа“, изјави Бил Меккибен, еден од основачите на групата за заштита на природата 350.org и оцени дека овој „важен преседан ќе влијае врз целата нафтена индустрија

Сосема спротивни мислења изразија републиканските кандидати кои се натпреваруваат за партиската номинација на претседателските избори во 2016 година.

Гувернерот на Флорида, Џеб Буш, напиша на Twitter дека отфрлањето на нафтоводот Keystone XL е политички мотивирано и претставува „напад врз американската економија и работните места“. Сенаторот Марко Рубио вети дека тој, доколку стане претседател на САД, ќе го одобри проектот и ќе стави крај на назадната енергетска политика на Обама. Гувернерот на Луизијана, Боб Џиндал, кој исто така се надева на номинација, го обвини Обама дека им попушта на „радикалните борци за заштита на околината“.

Во меѓувреме компанијата TransCanada Corp“ објави дека по откажувањето на САД од проектот, ќе разгледа други можности. Меѓу опциите коишто ќе бидат разгледувани е и новото барање дозвола за снабдување на сирова нафта од Канада во САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП