22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во САД забележа пад од 5 проценти

Невработеноста во САД забележа пад од 5 проценти

us 33

Американските работодавачи во октомври вработиле 271.000 луѓе со што невработеноста во САД падна на седумгодишниот миниум од пет проценти.

Солидното вработување во октомври следеше по двата слаби месеци, а новите 271.000 работни места се најголемо зголемување од декември.

Вработувања се забележани во повеќе сектори, поради што компаниите ги занемарија податоците за слабиот раст во странство, како и слабото производство во САД, а најмногу работни места има во градежништвото, здравството и продажбата.

Економијата на САД силно се опоравува по загрижувачкото лето кога беше забавено вработувањето со финансиската криза во Кина. Американските потрошувачи, меѓутоа, продолжија солидно да трошат, со што беше поддржан растот на вработеноста.

Овој податок веројатно е доволно добар да го убеди ФЕД на следниот состанок да ја подигне каматнта стапка прв пат по девет години, наведува „АП“, додавајќи за можноста за подигање на каматите со минимално ниво на негативно влијание врз берзата.

Силниот пораст на бројот на вработени исто така ја подигна заработката за девет центи на 25,20 долари по час, што е за 2,5 проценти повеќе отколку пред 12 месеци, најголемо годишно зголемување од јули 2009-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП