6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтпечатен македонско-португалски разговорник- “Добродојдовте во Португалија”

Отпечатен македонско-португалски разговорник- “Добродојдовте во Португалија”

vasko-rodrigez

Излезе од печат македонско-португалски разговорник- “Добродојдовте во Португалија”, чиј автор и иницијатор е Даниел Божиновски, помогнат од неговите соработници Љубица Саревска и Васко Родригез Лопес од Португалија.

Издавач на македонско-португалскиот разговорник е Јофи-скен, а истиот е испечатен во 1000 примероци. Содржи повеќе од 4000 зборови и околу 600 реченици, групирани во 16 тематски ситуации со кои што најчесто се сретнуваме за време на патување или престој во странска земја, сместени на 270 страници.

Некои зборови се наведени неколку пати, бидејќи во зависност од ситуацијата во која се наоѓаат нивното значење се менува. Разговорникот вклучува и дијалози за што полесно разбирање и користење на зборовите во одреден контекст, а за да се разјасни начинот на изговор, покрај секој збор е внесено и фонетско толкување. Покрај комуникациските содржини и интеракции, овој разговорник содржи и корисни информации за Португалија, нејзината култура и обичаи.

Официјалната промоција ќе биде денес во кафе книжарницата Магор, за кога е предвиден и музички настап на познатите Amali Baraona, Динко Стипанчев и Тони Китановски кои преку музичка изведба ќе претстават дел од португалската култура.

“Навистина сум горд што после долг период и напорна работа можеме и официјално да го промовираме првиот македонско-португалски разговорник. Станува збор за културен проект кој го работевме со голема љубов неколку години, и кој се надевам ќе претставува стабилен и цврст мост на соработка и доближување на македонската и португалската култура. Наменет е за сите оние кои патуваат или престојуваат во земја каде што се зборува португалскиот јазик, како и за оние кои сакаат да го изучуваат. Разговорникот треба да ја олесни комуникацијата на луѓето кои не го говорот португалскиот јазик, и да ја разгори љубопитноста за подлабоко негово изучување. Јазикот е жива материја, еволуира, се менува, поради што очекувам речникот во иднина да се дополнува и надградува, да вклучи нови соработници, и да придонесе кон трајно македонско-португалско пријателство”, изјави авторот Даниел Божиновски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП