24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕве зошто не се исплати да бидете љубезни на работа

Еве зошто не се исплати да бидете љубезни на работа

aroganten-biznismen

Вработените кои на работното место се пријателски расположени кон колективот, заработуваат помалку од останатите колеги, покажаа неколку американски истражувања.

Тие, освен тоа, помалку се предложуваат и за одговорни функции, се наведува во студијата на трите американски универзитети „ Notre Dame“, „Cornell“ и „Western Ontario“ – врз основа на анализите спроведени во последните 20 години на повеќе од 10.000 вработени со разни професии и на различна возраст.

Амбициозните мажи кои на работното место покажуваат доза на дрскост заработуваат во просек за 18 проценти поголема плата или 9.772 долари повеќе на годишно ниво од останатите љубезни колеги.

Погрубите жени заработуваат во просек пет проценти поголема плата од своите пофини колешки, односно за 1.828 долари повеќе на годишно ниво.

Во студијата се наведува дека кооперативните и љубезни соработници се сметаат за помалку погодни за раководечките позиции.

Истражувањето, сепак, покажа дека љубезните лица, полесно доаѓаат до работа од останатите, пренесува весникот Фигаро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП