18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAllianz забележа пад на добивката во третото тромесечје

Allianz забележа пад на добивката во третото тромесечје

allianz566

Германскиот осигурителен гигант Allianz во петок информираше за пад на добивката во третото тромесечје заради превирањата на финансиските пазари кои ги притиснаа резултатите во делот на работењето со управувањето на имотот и осигурувањата.

Во тримесечниот период заклучно со септември, нето добивката на Allianz е намалена за 15 отсто за разлика од истиот период лани, на 1,4 милијарди евра. Приходите паднале 4,3 отсто, на 27,5 милијарди евра, покажа извештајот за резултатите од работењето во третото тромесечје.

Послабата нето добивка во Allianz ја припишуваат на турболенциите на финансиските пазари и зголемените отштетни барања за случаи на природни катастрофи. Банките и брокерските компании кои учествувале во анкетата на Reuters, очекувале нето добивка од најмалку 1,44 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП