4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна есенската акција за садење дрвја на територијата на Скопје

Започна есенската акција за садење дрвја на територијата на Скопје

sadi-drvo

Град Скопје денес ја почна есенската акција за садење дрвја на територијата на градот. Во акцијата ќе бидат засадени вкупно 7.500 садници, од кои 5.000 садници по булеварите и во општините, 500 садници во дворовите на сите средни училишта, а 2.000 ќе им бидат доделени на сите заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници.

„Со засадувањето на овие 30 садници во дворот на СУГС „Васил Антевски – Дрен“, Градот Скопје ја почнаа акцијата за садење листопадни дрвја во сите средни училишта, а бројот на засадените садници ќе зависи од големината на нивниот училиштен двор. Градот Скопје во оваа акција во средните училишта планира да засади околу 500 садници“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Тој појасни дека оваа есен планираат по булеварите и во парковите да бидат засадени уште 5.000 садници, а во тек е и традиционалната есенска акција за доделување садници на сите заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници, на коишто ќе им бидат доделени 2.000 дрвца (листопадни и зимзелени) од ЈП„Паркови и зеленило“, односно ќе бидат засадени вкупно 7.500 садници.

„Градот Скопје се грижи да се подобри животната средина и да се зачувува здравјето на граѓаните, и ние континуирано засадување нови дрвја на јавните површини, подигаме нови зелени површини и уредуваме нови катчиња за одмор и рекреација во природа“, истакна градоначалникот Трајановски на садењето дрвца во СУГС „Васил Антевски – Дрен“.

Во текот на изминативе години, односно од 2009 година до сега на територијата на градот се засадени околу 70.000 садници. Поголем број од новозасадените садници се од домашно произвоство, од расадниците на ЈП Паркови и зеленило и еден помал процент на садници кои се увезуваат од надвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП