29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциските продажби се магнет за потрошувачите

Акциските продажби се магнет за потрошувачите

aac

“Вклучувањето во разни програми за лојалност, изготвувањето промотивни пакети, како и целокупната акциска понуда е во согласност со желбите и барањата на купувачите“, вели Стојанче Тодороски, Маркетинг директор во Жито Маркети, најбрзорастечкиот малопродажен ланец во Македонија.

Што очекува просечниот македонски потрошувач од својот супермаркет?

Ова е крунското прашање кое што секојдневно си го поставуваат менаџерите на малопродажните објекти, без оглед на тоа дали станува збор за голем ланец или за маалска продавничка. А вистинскиот одговор, во вистинското време, ќе значи добитна комбинација и за продавачите и за потрошувачите.

Дали е тоа локацијата, убавиот ентериер, мноштвото продажни гондоли, топлата атмосфера, пријатниот персонал, ненаметливата музика?

Или, пак, тоа е квалитетен производ по пристапна цена, акциска продажба на омилениот бренд, врзана продажба од типот “купи едно, земи две”? Сосема е извесно дека најголем дел од потврдните одговори ќе одат во полза на втората дилема.

Статистичките податоци за оваа година говорат дека на едно четиричлено просечно македонско семејство, за еден месец му се неопходни 32.143 денари или 522 евра. Најголем дел од структурата на потрошувачката кошница отпаѓа за прехранбени артикли, близу 42 отсто. Овој податок, всушност, го генерира и трендот во трговијата со храна и прехранбени стоки. А тоа се стратегиите и техниките на доволно флексибилност и прилагодливост на трговецот да понуди добар производ за прифатлива цена за домашниот буџет, кој ќе додаде дополнителна вредност во потрошувачката кошничка.

Последните он-лајн истражувања на купувачките навики на македонскиот просечен потрошувач, говорат дека програмите за лојалност на супермаркетите, потоа акциските продажби, клуб картичките, попустите за редовни купувачи, купоните и слично, се она што им е навистина битно на граѓаните.

“Свесни за ваквиот тренд на купување, каде што се бара брзо, ефикасно и економично да се дојде до посакуваниот производ, нашата компанија постојано работи на изнаоѓање атрактивни и креативни маркетинг алатки кои им овозможуваат на нашите купувачи задоволство при купувањето. Вклучувањето во разни програми за лојалност, изготвувањето промотивни пакети, како и целокупната акциска понуда е во согласност со желбите и барањата на купувачите. Големиот број издадени лојални картички Навика да добивам повеќе’ доволно говори дека граѓаните сакаат да ги користат дополнителните бенефици и поволности, меѓутоа и редовно да бидат информирани за сите активности кои ги организираме.”, истакнува Стојанче Тодороски, Маркетинг директор во Жито Маркети, најбрзорастечкиот малопродажен ланец во Македонија.

aab

Со широкиот избор од голем број производи од најразлични индустрии, дали домашни или странски, македонските граѓани се доведуваат во слатки маки што да купат. А, притоа сакаат да заштедат и на пари и на време. Покрај квалитетот на продуктите кој игра голем дел од одлучувачката улога при изборот на купување, промоциите, особено производите на акциска продажба, се оние што најмногу влијаат во селекцијата на продукти кои ќе завршат во нивните кошнички. Меѓутоа, како што  вели Тодороски, најдобрите промоции се оние што истовремено нудат пакет на продукти од врвен квалитет со промотивна цена.

“Токму заради ова, постојано сме во комуникација со своите ценети потрошувачи, без оглед дали станува збор за традиционалните флаери, за кампањите на социјалните мрежи или за директната комуникација. Континуирано имаме производи по акциски цени, а за членовите на нашиот Клуб на лојални потрошувачи Навика да добивам повеќе’, имаме секојдневни изненадувања. Чекорот со трендовите, но, уште повеќе, со куповната моќ на граѓаните, мораме да ја одржуваме и да ја унапредуваме.”, вели Маркетинг директорот на овој малопродажен ланец. Тој заклучува дека Жито Маркети, преку обуки и постојана надоградба, континуирано вложувуваат во своите вработени за тоа како полесно да го пренесат или да го објаснат на купувачот сето она што е замислено како акција, промоција  и слично, со цел полесно да се прилагодат на современиот македонски потрошувач.

Кога станува збор за прецизно таргетирање и актуелизирање на понудите, маркетинг менаџерите брзо ја сфатија полезноста на социјалните мрежи кои во споредба со традиционалните медиуми многу повеќе ја олеснуваат работата во информирањето, комуникацијата и споделувањето на промоциите, акциите и попустите со групата на потрошувачи. Во таа насока, македонските малопродавачи брзо и лесно се прилагодуваат на модерниот начин на живот на потрошувачот и градат нов концепт на промоции и атрактивни понуди преку кои излегуваат во престет на купувачите, користејќи го трендот на интернетот и брзата комуникација и алатките што таа ги нуди. Уште повеќе, ако порано македонските граѓани лесно го трошеа своето време за шетање и споредување цени од повеќе продавници, за на крај да го купат она кое им е неопходно по пониска цена, денес времето стана драгоцено, па ретко кој издвојува повеќе од планираните минути за одржување на тие стари навики. Па, сето тоа е заменето и овозможено со неколку клика од својот компјутер или мобилен телефон.

Меѓутоа, бездруго, она што останува како клучна порака од сите кампањи или алатки за комуникацијата е – добра и квалитетна понуда за ниска и прифатлива цена, бидејќи тоа е вистинскиот магнет за потрошувачот!

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП