8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската слабост всушност стана нејзино оружје

Руската слабост всушност стана нејзино оружје

made-in-russia

Падот на вредноста на руската рубља може да донесе нови можности, како што е повторната популарност на речиси заборавениот бренд „Made in Russia“ (Произведено во Русија).

И покрај фактот дека руската економија и понатаму е во рецесија, на крајот на тунелот сепак се појави точка светлина, наведува Биргит Хансл, економист на Светска Банка.

Од крајот на 2014 година кога цената на нафтата падна два пати, на 60 долари за барел, во истиот степен девалвираше и рубљата. Така, остариот пад доведе до значително намалување на увозот.

Бидејќи и во услови за девалвација на рубљата во некои гранки се појавија ценовни предности, започна да се зголемува и обемот на извозот, што за возврат, ги стимулира инвестициите во некои сектори на економијата..

Дојде до зголемување на извозот во земјите надвор од Заедницата на Независни Држави (ЗНД) во секторите како што се рударството, хемиската и машинската индустрија. Во првата половина од 2015 година вкупниот обем на рускиот извоз е зголемен за 1,7 проценти. Досега вкупниот извоз во неенергетскиот сектор не беше доволен за зголемување, но во среднорочен период ситуацијата би можела да се промени, наведува Хансл.

Руските инвеститори и понатака немаат доверба за пошироки инвестиции и многу нешта ќе зависат од напредокот на вкупната програма за структурните реформи во Русија.

Напорите на земјата сепак ги призна и Дуинг Бизнис индексот на Светска банка за 2016 година, во кој Русија, иако е дури на 51-вото место, сепак напредуваше од 62-ото место минатата година,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП