19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДве милијарди луѓе во светот се уште немаат пристап до финансискиот систем

Две милијарди луѓе во светот се уште немаат пристап до финансискиот систем

pla zemji

„Финансиската инклузија“ не звучи како посебна интересна тема, додека не размислиме за сите нешта кои луѓето можат да ги направат благодарение на неа. Пристапот до банкарски сметки, кредити, парични трансфери, осигурување – се работи кои им овозможуваат на сиромашните да ја надминат сиромаштијата и да започнат да живеат подобар живот, коментира онлајн изданието „Fast“.

Лошата вест е дека две милијарди луѓе во целиот свет се уште немаат пристап до основни финансиски услуги. Добрата е дека оваа бројка е за 500 милиони лица помалку, отколку пред три години, покажуваат податоците на Светската банка. А уште подобро е што се уште има шанса бројот на корисници на овие услуги во иднина да биде многу помал. Благодарение на иновациите, како услугите за мобилно и микроплаќање, се случуваат многу работи кои можат да доведат до финансиска инклузија на последните преостанати кои се надвор од неа.

pla zemji1

„Со ова темпо до 2020-та година разликата ќе се намали значително и ќе останат само 1 милијарда лица кои ќе треба да се вклучат. Со уште малку напор целта на Светската банка за универзален пристап до некаков тип финансиска сметка до 2020-та година изгледа во рамките на можното“, се вели во извештајот „Center for Financial Inclusion“ (CFI).

Блискиот Исток е регионот со најмал број на луѓе кои поседуваат банкарска сметка, а по него се т.н. Супсахарска Африка (регионот јужно од Сахара) и Јужна Азија. Во Пакистан и Индија има најголем вкупен број на луѓе без „банкарски услуги“, проследени со Бангладеш и Индонезија.

Помеѓу 2011-та и 2014-та година многу земји забележаа голем раст на корисниците на сметки. Во Кенија една третина од населението „помина кон банкарство за три години“. Уганда, Танзанија и Демократска Република Конго исто забележуваат извонреден раст. Решението со поседувањето на мобилни сметки, сепак не е толку универзално распространето колку можеби се претпоставува.

pla zemji2

„Само 2% од населението во светот тврдат дека имаат мобилна сметка. Нешто повеќе, корисниците на мобилни сметки не се во основа „небанкарските“. Наместо тоа, со исклучок на некои источноафрикански земји, повеќето корисници на мобилни сметки имаат и сметка во финансиска институција“, тврди извештајот.

Во Кенија 20% од корисниците на мобилни уреди користат банкарски услуги само преку мобилните телефони.

Според „CFI“ владите можат да ги поттикнат банките да упатат понуди на клиентите со ниски приходи, како во Чиле, каде пет милиони луѓе ги користат поедноставените банкарски сметки на „Banco del Estado“. Тие можат да создадат и подобри системи за инклузија, вклучувајќи дигитална инфраструктура, заштита на потрошувачите, кредитно известување и зголемување на финансиската писменост. А токму тоа е важно за создавање на одржлива финансиска инклузија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП