2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: На Грција и се заканува финансиски крах, Шојбле многу добро го...

Варуфакис: На Грција и се заканува финансиски крах, Шојбле многу добро го знае тоа

soible-varoufakis

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис предупреди во Виена за опасноста од влошување на економската ситуација во неговата татковина.

„За шест месеци ќе биде полошо од сега“, изјави тој пред новинарите и укажа на недостатокот од инвестиции и растечкиот даночен товар. Причинителите за тоа се, како што вели, новите барања на доверителите.

„Волфганг Шојбле, германскиот министер за финансии, многу добро знае дека таа програма е осудена на пропаст“, истакна Варуфакис, додавајќи дека на институциите на ЕУ и ММФ не им е важно да ја стабилизираат грчката економија, туку на оние кои се осудија да го доведат во прашање авторитетот на „Тројката“- да ги натера да клекнат на колена. Тоа, според неговите зборови, го покажува договорот со Владата, која треба да ги принуди грчките компании да платат данок во месец ноември однапред за цела наредна година.

„Тоа најчесто и се прави на една земја со пропадната економија само доколку сакате да предизвикате крах“, предупредува Варуфакис. Во моментов, Грција, како што смета тој, не може да привлече никакви инвестиции од странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП