11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА19 земји од ЕУ веќе можат да забранат одгледување на ГМО култури

19 земји од ЕУ веќе можат да забранат одгледување на ГМО култури

gmo 03030303

Две третини од земјите членки на Европската унија можат да пристапат кон воведувањето на забрана за одгледување на генетски модифицирани култури на својата територија, откако погодените компании решија да не се противат. Ова го објави Европската комисија, цитирана од „Франс прес“.

„Сите барања на 19-те земји членки беа усвоени од компаниите“, изјави портпаролот на ЕК Енрико Бривио, додавајќи дека географскиот опсег на „ГМО“ посевите сега соодветно ќе биде разгледан.

19-те земји ги вклучуваат Австрија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Холандија, Полска и Словенија. Германија побарала ограничено право на исклучување за ГМО студиите, а Данска и Луксембург засега сакаат да забранат само четири ГМО посевите. Белгија и Велика Британија, пак, побараа да важи забраната само за одредени делови од нивната територија.

„Во последните 20 години ГМО технологијата била прифатена само од неколку држави за грст култури. Затоа не е изненадување за нас, дека две третини од земјите во Европа одлучија да ја забранат“, коментира експертот за политика на исхрана на „Гринпис – ЕУ“, Франциска Ахтерберг.

Околу 85 проценти од ГМО посевите се одгледуваат во само 4 земји во светот – САД, Бразил, Аргентина и Канада. Заедно тие претставуваат само 3 проценти од земјоделското земјиште во светски рамки, се вели во извештајот на еколошката организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП