24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкок на индустриското производство за 4,5 проценти

Скок на индустриското производство за 4,5 проценти

industrialpro

Индустриското производство во февруари годинава во однос на февруари лани забележа раст од 4,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, бележи пораст од 17,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,6 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,9 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6,8 отсто и Капитални производи за 7 отсто.

Индустриското производство во периодот јануари – февруари 2013 година, во однос на првите два месеца од минатата година забележа раст од 1,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП