27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоп 10 земји со највисок квалитет на живот

Топ 10 земји со највисок квалитет на живот

kvalitet zivot nas

Квалитетот на живот може да се мери со различни индикатори. Во својата годишна листа Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) вклучи 34 држави кои се оценети според критериуми, како благосостојбата, балансот „работа-личен живот“, финансиско богатство, квалитет на животната средина и друго.

Еве кои земји влегуваат во топ 10:

10. Данска

12 Aug 2014, Copenhagen, Zealand, Denmark --- View of city roofs from Rundetaarn, or the round tower, 17th century tower and observatory, the oldest functioning observatory in Europe, Copenhagen, Denmark. --- Image by © Nano Calvo/Corbis

Во категоријата „животна средина“, Данска се претставува многу добро. 94% од испитаниците се задоволни од квалитетот на водата за пиење во земјата. Данците се радуваат и на петте недели платен годишен одмор и тие се на 6-тото место според индикаторот „еднаквост на двата пола“. Во однос на финансиите исто така немаат тешкотии – над 73% од луѓето на возраст од 15 до 64 години имаат работа.

9. Нов Зеланд

Museum of Art and History in Rotorua

Земјата е на прво место според индикаторот „здравство“. Има над просечна оценка и за квалитетот на животната средина. Емисиите на штетни гасови во Нов Зеланд се релативно ниски, главно поради малото население и близината до морето.

8. Холандија

Rising Seas

Оваа земја има едно од највисоките нивоа на писменост во светот. Ова веројатно е и причината за нејзиното богатство. Холандските домаќинства имаат 27.888 долари годишен нето расположлив приход на човек, што е над просекот за земјите од ОЕЦД.

7. Шведска

Stockholm, Sweden --- Gate of Gamla Stan, Stockholm --- Image by © Jean-Pierre Lescourret/Corbis

Шведска е лидер по индикаторот „квалитет на животната средина“. Има и висока граѓанска активност. Одѕивот на последните парламентарни избори во земјата беше 87%. Друг важен индикатор е дека само 1% од Швеѓаните имаат подолг работен ден од просекот.

6. Канада

Canada, Alberta, Banff National Park, Mount Rundle

Замолени да го оценат нивното заедничко задоволство од животот во земјата на скала од 0 до 10, Канаѓаните даваат оценка 7,3. Таа е лидер и според индикаторот „станбена стандард“ – секој Канаѓанец располага со просечно 2,5 соби.

5. САД

Golden Gate Bridge

САД се искачуваат за две места повисоко од минатогодишната оценка. Просечниот годишен расположлив приход на човек од домаќинството надминува 41.000 долари, што е доста над просекот за ОЕЦД – 25.908 долари. Во исто време, САД се наоѓаат на дното на листата според индикаторот „рамнотежа“ – „работа-живот“. Таа е единствената земја во ОЕЦД, во која нема мајчинство платено од државата, со исклучок на некои држави во кои има вакви исплати. А неплатеното мајчинство е кратко – 12 недели, но него можат да го искористат само вработените во компании со повеќе од 50 вработени.

4. Австралија

Bridge and Lightning at Sydney Harbour

Слично на Шведска, и во Австралија има силна граѓанска активност. На последните избори одѕивот бил 93%. Причина за тоа донекаде е фактот дека гласањето е задолжително. Земјата сепак го отстапи лидерското место во рангирањето што го вршеше во последните две години.

3. Швајцарија

Switzerland --- Switzerland - Titlis - snow mountain --- Image by © Top Photo Corporation/Corbis

Швајцарија има едни од најниските нивоа на криминал и невработеност од сите индустријализирани земји. Само 3,5% од населението е без работа.

2. Исланд

Jokulsarlon Glacier Lake

Исланд се искачува за 9 позиции од минатата година. Земјата има најчиста вода за пиење на Земјата. Оценката на населението за задоволството од животот е 7,5 според скала системот.

1. Норвешка

Norway, Sogndal, Loftesnes, Sognefjord, province Sogn og Fjordane.TIF

Земјата се искачува од второ место во минатата година до почесното прво. Луѓето живеат најдобро во Норвешка, каде мнозинството имаат работа, образованието е квалитетно, а просечниот животен век е 82 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП