15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГинеколошката ординација во Шутка ќе работи трипати неделно

Гинеколошката ординација во Шутка ќе работи трипати неделно

доктори

Од петок гинеколошката ординација во општина Шуто Оризари ќе работи трипати неделно, односно секој понеделник, среда и петок, во периодот од 08:30 – 14:30 часот, информираат од Министерството за здравство.

Во овие термини во ординацијата ќе работи медицински тим од доктор и медицинска сестра. Кадарот е ангажиран од Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, каде веќе е изготвен распоред за обезбедување здравствена заштита во гинеколошката ординација во Шуто Оризари.

„Станува збор за времено решение за обезбедување гинеколошка здравствена заштита до завршување на огласот и почнување со работа на матичен гинеколог. Инаку, огласот за изразување интерес за матичен гинеколог во општина Шуто Оризари (како и во општина Ново Село) е објавен на 4-ти ноември, а рокот за пријавување е заклучно со 18-ти ноември. За избранитe матични гинеколози во овие две општини предвидена е дополнителна финансиска стимулација од 15.000 денари месечно за период од две години, обезбедена од страна на Министерството за здравство од превентивните програми“, информираат од Министерството.

Огласот е сé уште во тек и заинтересираните кандидати можат да достават писмо за интерес (со наведен телефон за контакт и адреса на подносителот) во архивата на Министерството за здравство, или по пошта на адресата: „ул. 50 Дивизија“ бр.14, 1000 Скопје, со назнака: „Оглас за изразување интерес за ангажирање матичен гинеколог во општина Шуто Оризари/Ново Село“.

По протесниот перформанс пред Министерството за здравство на Иницијативата на жени од општина Шуто Оризари кои две години немаат гинеколог во општината, министерот за здравство, Никола Тодоров се сретна со нив и договорија привремено решение и бонус за лекарот кој ќе се пријави на огласот да биде гинеколог во Шутка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП