7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОд депресија до бизнис од 100 милиони долари

Од депресија до бизнис од 100 милиони долари

UTI1798238_t540

Пред пет години Eни Лавлес западнала во тешка депресија за време на школувањето и почувствувала дека нешто мора да промени, а тоа „чувство“ и донело бизнис со годишни приходи од речиси 100 милиони долари. Ова е нејзината приказна….

Иако немала јасни планови за иднината, таа одлучила да го прекине школувањето. Лавлес знаела дека наместо замор и монотонија и е потребна инспирација, па се завртела кон она што најмногу го сака – нутриционизмот. Се поврзала со пријателката која исто така ја дели страста кон свежите, сирови, органски сокови и заедно започнале бизнис.

suja-elements-line

Прво своите сокови ги продавале на колегите од часовите по јога, кои фасцинирани од соковите раскажале за нив на нивните пријатели, па тие пријатели на други пријатели и така приказната за вкусните свежи сокови се раширила многу брзо. Бидејќи наеднаш пораснала побарувачката за нивните сокови, тие добиле помош и од бизнсменот Џејмс Бренан кој го препознал потенцијалот на нивниот проект, па наскоро ја основале компанијата „Suja“.

suja-james-annie-eric-jeff-founders

Како што пишува „Inc“ во моментов имаат модерен производствен систем, повеќе од 10.000 продажни места, годишниот приход им изнеусва меѓу 80 и 90 милиони долари, а влегле и во партнерство со Coca-Cola.

Ени Лавлес го остварила својот сон, а нема ниту 30 години…… Можете и Вие!!!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП