12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФАО: Остар скок на глобалните цени на храната

ФАО: Остар скок на глобалните цени на храната

hranaааа44543дефхѕјѕу

Глобалните цени на храната во октомври значително пораснаа, поради загриженостa дека климатскиот феномен „Ел Нињо“ ќе изврши притисок на залихите на одделни намирници, соопшти денес Организацијата при Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).

Ценовниот индекс ФАО, кој ги мери месечните промени на цените на кошница производи (житарки, масло, млечни производи, месо и шеќер) во месец октомври порасна на 162 поени, што е за 3,9 проценти повеќе во однос на септември, кога тој индекс евидентираше прв раст за последната година и пол.

Според соопштението на ФАО, станува збор за најбрзото темпо на раст на индексот од јули 2012 година, иако цените на храната на глобалниот пазар во октомври останаа за 16 проценти пониски во однос на истиот период лани, пренесува агенцијата Ројтерс.

Најголемо влијание на растот на индексот имаше индексот на ФАО за шеќерот, кој во октомври порасна за 17,2 проценти во однос на септември, поради стравувањата од големите количини на врнежи во регионите на Бразил, кој е клучен производител на шеќер, како и загриженоста во поглед на сушата во Индија и на Тајланд.

Како што наведува Ројтерс, ФАО ја намали прогнозата за глобалното производство на житарки за 2015 година, на 2,530 милијарди тони, што е за 1,1 проценти под минатогодишниот рекорд, од претходно прогнозираните 2,534 милијарди тони.

Сепак ФАО ја зголеми прогнозата за светското производство на пченица за сезоната 2015/16 на 736,2 милиони тони од 734,8 милиони тони, наведувајќи ја како причина подобрата жетва во Европската унија од онаа која се очекуваше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП