28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПратениците изгласаа закон за заем за гасификацијата

Пратениците изгласаа закон за заем за гасификацијата

sobranie

Пратениците по два дена расправа во четвртокот попладнето го изгласаа Законот за задолжување на Република Македонија кај „Дојче банка“ и „Ерсте банка“ по Договорот за заем за финансирање на проектот „Гасификација на Република Македонија – фаза 1 – делница Штип – Неготино – Битола и делница Скопје – Тетово – Гостивар“, по скратена постапка.

Со овој предлог треба да се обезбедат 90 милиони евра преку заем за финансирање на градбата на госоводот – делница Штип блок станица 5 Неготино – Битола и делница Скопје – Тетово – Гостивар. Рок на отплата на кредитите е седум години со вклучен грејс период од три години, со каматна стапка која ќе се пресметува како збир од 6м ЕУРИБОР + маргина од 450бпс.

Проектот предвидува изградба на инфраструктурни објекти и линиски дел на делниците Штип – Неготино – Битола дел 1 од Штип блок станица 5 до Неготино, линиски дел во должина од 36 километри, кој ќе се надоврзе до делницата Клечовце – Штип блок станица 5 чија изградба која е веќе во тек и дел 2 од Неготино до Битола во должина од 92 километри. Исто така и вториот дел Скопје – Тетово во должина од 76 километри. Изградбата се очекува да заврши во 2016 година.

Пратениците од владејачкото мнозинството го оценија предлог-законот како позитивно решение со кое ќе се реализира стратешки проект Пратениците од опозицијата, кои не го поддржаа нацртот сметаат дека тоа претставува бово задолжување и побараа проектот да биде реализиран од постојниот Буџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП