20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата стабилни близу 49 долари

Цените на нафтата стабилни близу 49 долари

nafta 83

Цените на нафтата се стабилизираа во четвртокот на меѓународните пазари во близина на нивото од 49 долари, притиснати од повторениот раст на резервите во САД и од очекувањето на намалувањето на побарувачката на нафта од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC).

На лондонскиот пазар цената на нафтата остана речиси непроменета во однос на затворањето на тргувањето во средата и изнесуваше 48,75 долари, кога беше во минус 3,9 отсто. Значајна промена на цената немаше во четвртокот ниту на американскиот пазар, каде што со барел се тргуваше по 46,62 долари, откако претходниот трговски ден го заклучи со минус од 3 отсто.

Одвоено OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка негова нафта во средата изнесувала 44,43 долари, што значи дека пораснала за 54 центи во однос на претходното тргување.

Во средата нафтените пазари ги притисна податокот на американската влада за скокот на резервите на сирова нафта минатата седмица за 2,85 милиони барели, и покрај падот на производството на најниското ниво од 1991 година.

„Производството во САД малку порасна. Бројката не беше добра и мислам дека тоа го расипа расположението на пазарите“, констатира за Reuters Оливие Жакоб, аналитичар во „Petromatrix“. Смета дека цените на лондонскиот пазар сé уште се движат во тесен распон. „Секогаш кога ќе порасне за два долара, се случува возбудување. Тогаш паѓа за два долара. Технички , е постои некакво тренд“, заклучува аналитичарот.

Притисокот врз цените го генерираше и интерниот документ на OPEC кој агенцијата Reuters го добила на увид, а укажува на послабата побарувачка на нафта од земјите членки во следните неколку години.

Министрите за нафта на членките на OPEC ќе се сретнат на 4-ти декември, за да одлучат дали ќе продолжат со политиката на зачувување на пазарниот удел на штета на цените, со што се обидуваат да ја отстранат конкуренцијата со зголемување на трошоците н производството. Ниту OPEC, ниту Русија веројатно нема да ја менуваат стратегијата, сметаат аналитичарите во „BMI Research“.

„Нашите ставови се дека OPEC и Русија ќе продолжат со стратегијата на високи нивоа на производството за да ги истисната скапите произведувачи на нафта. Имајќи го предвид високото ниво на производство на водечките произведувачи, намалувањето на американското производство од шкрилци нема да биде доволно во следните две години да се воспостави рамнотежа на прекумерно снабдениот пазар“, додаваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП