26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот контроверзен Хајлендер

Новиот контроверзен Хајлендер

tojotatata

Тојота и официјално го претстави својот нов модел, Хајлендер. Дизајниран да пружи „префинетост и сила“, овој модел нуди конзервативен стил на својот претходник и масивна трапезоидна решетка која најверојатно ќе се покаже како контроверзна.

Новиот преден дел на возилото веројатно нема да им се допадне на сите, но остатокот од овој кросовер модел има многу повеќе од еволуционерен дизајн со моќни крила и заоблени светла. Возилото исто така е опремено и со заден спојлер како и 18 и 19 инчни алуминиумски тркала.

tojotatata1

Внатрешноста на овој автомобил ги имитира последните модели како што е РАВ4, па така се испорачува со мека на допир инструмент табла, дрвени украси и сателитски додатоци. Тука е централната конзола, мулти-информацискиот екран како и  „Entune“ информационо-забавниот систем.

Опцијата вклучува и кожни седишта, забавни системи за задните седишта и „JBL“ аудио систем. Да им биде пријатно на патниците, Тојота се фокусираше на минимализирање на бучавата, вибрациите и потресите. Како резултат на тоа додаден е хидрауличен носач на моторот, како и материјали кои дополнително ја намалуваат бучавата во возилото, а тука е и акустична шофершајбна.

tojotatata2

Под хаубата, овој модел ќе биде достапен со три различни четирицилиндарски мотори, вклучувајќи 2.7L, 3.5L V6 и 3.5L V6 хибриден мотор. Конвенционалните мотори се поврзани со шестбрзински автоматски менувач, додека хибридните имаат континуиран варијабилен пренос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП