21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРаботни места кои најмногу му штетат на здравјето

Работни места кои најмногу му штетат на здравјето

радиолог

Во најризични професии се вбројуваат професиите радиолог и работните места во металната индустија, најмногу поради изложеноста на опасни материи кои можат сериозно да го загрозат здравјето.

Постојат многу професии кои се многу поризични од останатите, пишува Бизнис Инсајдер кој ги истакна најризичните работни места во однос на здравјето.

Како здравствени ризици во предвид се земени изложувањата на загадувачи, инфекции, зрачење, изгореници, исеченици, убоди, како и времето поминато во седење бидејќи е докажано дека недостатокот на физичка активност може да го скрати животниот век и други опасности.

На прво место се најде професијата радиолог, а опасноста поради која оваа професија е најризична е радијацијата, опасноста од инфекции и долгите периоди на седење. Потоа следат работните места во металната индустрија кои се опасни поради загадувањето, опасноста од изгореници и убоди и општата изложеност на опасни услови за работа. На третото место од листата се наоѓаат лицата кои се занимаваат со балзамирање во мртовечници.

На листата потоа следат, инсталатери и сервисери на лифтови, технолози по нуклеарна медицина, инсталатери на уреди за ладење, медицински сестри, работници кои работат на работно место поврзано со нафта, гас и рудари, оператори во хемиски фабрики, медицински техничари и болничари сервисери на огноотпорни материјали, работници во рециклажи и отпад, технички оператори на нуклеарна опрема, пилоти, копилоти, авиоинженери, хируршки медицински асистенти, работници за прочистување на отпадни води, хистолошки техничари, царински инспектори, ортопеди, ветеринари, анестезиолози, стјуардеси и стоматолози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП