4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски: Владата креира низа мерки со кои го стимулира претприемништвото

Пешевски: Владата креира низа мерки со кои го стимулира претприемништвото

peshevski-vladimir-pesesese

Владата креира низа мерки со кои го стимулира претприемништвото и дава поддршка на малите и средните претпријатија, а со тоа го стимулура побрзиот економски развој на Република Македонија, истакна вицепремиерот Владимир Пешевски на отворањето на конференцијата „Европски ден на претприемништвото и европска недела на малите и средни претпријатија“.

Тој во своето воведно излагање истакна дел од мерките со кои Владата на Република Македонија го поддржува претприемништвото, отворањето на нови бизниси и подобрување на конкурентноста, кои се спроведуваат од повеќе државни институции.

Вицепремиерот Пешевски потенцираше дека преку Програмата Самовработување која ја спроведува Агенцијата за вработување во изминатите години се отворени над 7.600 микро претпријатија за кои се издвоени преку 25 милиони евра.

На натпреварот за најдобар проект од Програмата Самовработување кој се организираше пред неколу недели имав можност да се сретнам и да зборувам со дел од лицата кои започнаа сопствен бизнис преку оваа програма. Ме радува што голем број на микро фирми се отворени со поддршка на Владата, а уште повеќе сум задоволен затоа што дел од фирмите од микро прераснаа во средни претпријатија со околу 50 вработени, што значи дека паметно и плански ги спроведуваат своите проекти.

Во условите на светска економска криза и должничката криза во Европа, Владата креираше мерки со кои се поддржаа компаниите преку поволните кредити на Македонската банка за поддршка на развојот, од кредитната линија на Европската инвестициона банка за кои беа обезбедени 350 милиони евра и поддржани се над 1.600 компании, а отворени се над 6.600 нови работни места.

Иновациите и технолошкиот развој се полиња во кои Република Македонија во изминатите 2-3 години има одличен прогрес, а поред Вицепремиерот Пешевски постои голем простор иновативната дејност да се развива, а Владата на Република Македонија преку Фондот за иновации и технолошки развој континуирано ќе ги поттикнува и ќе ја зголемува поддршкта на компаниите.

Спроведените реформи во економијата ги подобрија условите за започнување и водење на бизнис, а доказ за добрите политики е извештајот „Doing Business 2016“, на Светската банка, со кој Македонија се рангира на високото 12 место во светот и 6 место во Европа според условите за водење бизнис.

Потенцирајќи го значењето на малите и средни претпријатија кои се главниот столб на македонската економија, Вицепремиерот Пешевски ги повика и охрабри сите граѓани, а особено од помладите возрасни категории да ги реализираат своите идеи, да започнат сопствен бизнис и со добро планирање и посветена работа да ги остварат своите бизнис замисли.

Конференцијата „Европски ден на претприемачот“ се организира по јубилеен десетти пат во Република Макеонија, а организатори се Министерството за економија, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, градот Скопје, Европската бизнис асоцијација, фондацијата Конрад Аденауер, Младинскиот културен центар од Битола и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП