18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААдеми: Доживотното учење е моќна алатка за намалување на невработеноста

Адеми: Доживотното учење е моќна алатка за намалување на невработеноста

adzemi 33

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска присуствуваше на манифестацијата Денови на доживотно учење.

Оваа манифестација се организира по 12-ти пат со цел да го промовира концептот на доживотно учење, како учење и образование кое се стекнува во текот на целиот живот, независно од возраста, полот, етничката припадност.

„Преку овие кампањи со бројни настани се насочува вниманието на јавноста кон значењето и улогата на учењето и се влијае на подигнување на свеста на граѓаните за тоа, доколку континуирано се образуваат и надградуваат ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд. Во тој контекст, доживотното учење претставува моќна алатка за намалување на невработеноста, градење на култура на учење и општество базирано на знаење“, рече Адеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП