8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтворен првиот ресторан со нов концепт на Гудис

Отворен првиот ресторан со нов концепт на Гудис

goodys 01

Во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје, отворен е првиот ресторан со брза услуга „Гудис бургер хаус“ (Goody’s Burger House) што ќе функционира според новиот концепт на познатиот синџир Гудис (Goody’s).

Новата франшиза на Гудис во земјава по својот современ модел на функционирање и уникатните карактеристики се разликува од постојните класични сендвичарници.

goodys 02

„Во „Гудис бургер хаус“ се е фокусирано на потребите на гостите и нивното автентично искуство во опуштена атмосфера во која владее современа естетика. Тука гостите добиваат супериорна и брза услуга, а при тоа се е направено за да се чувствуваат како во ресторан од висока класа. Тоа е сосема нов концепт во овој брзо растечки сегмент на угостителскиот бизнис, во кој „Гудис“, со своите високи стандарди и искуство, сериозно се наметнува како број еден бренд во Југоисточна Европа“, објаснува директорот на „Гудис бургер хаус“, Зоран Лојаница.

Главнината на менито на „Гудис бургер хаус“ го сочинуваат повеќе видови бургери од 100% чисто говедско месо, како и вариетети на сендвичи и скара од пилешко месо. Целокупната храна се подготвува од сировини со највисок квалитет и тоа веднаш по нарачувањето од страна на гостите, што дополнително придонесува таа да се послужи во екстра свежа состојба и со гарантиран вкус кој ги има задржано сите оригинални ароми.

goodys 03

За севкупното високо ниво на искуството на гостите во ресторанот се грижи специјално  обучен персонал со богато искуство, подготвен во секој момент да ги пречека сите гости, да им го објасни детално целокупното мени и да им помогне во изборот. За подготовка на храната се грижат вешти готвачи кои посетувале специјална обука за подготовка на ваков вид храна.

Менаџментот на „Гудис бургер хаус“ се надева дека современата атмосфера, високите стандарди и автентичното мени на овој ресторан со брза услуга ќе придонесат тој да биде ново гастрономско обележје на Скопје, кое набрзо ќе се прошири и на други локации во градот и ширум земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП