19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе гради пешачко-излетничка патека до манастирот „Свети Петар и Павле“ кај Ајватовци

Се гради пешачко-излетничка патека до манастирот „Свети Петар и Павле“ кај Ајватовци

гради

Општина Илинден почна со реализација на проектот „Изградба на пешачко-излетничка патека за пристап до манастирот „Свети Петар и Павле“ кај Ајватовци, во должина од 770 метри.

Вкупната инвестиција за овој проект што Општина Илинден го реализира преку Програмата за рурален развој на Владата на Република Македонија, изнесува 6,3 милиони денари.

Со имплементацијата на овој значаен проект ќе се изврши уредување на пешачко-излетничка патека, која го поврзува населеното место Ајватовци и манастирот „Свети Петар и Павле“ со излетничкото место во село Ајватовци. Оваа локација е атрактивна и интензивно се користи од страна на граѓаните, како од Општина Илинден така и од многу други места.

Со проектните активности ќе се овозможи целосно уредување на пешачко-излетничката патека со асфалтирање, како и нејзино осветлување и поставување на клупи и корпи за отпадоци, со што излетничката патека целосно ќе ја добие својата функционалност.

Владата на Република Македонија и Општина Илинден потпишаа договор за одобрување на средства од 32 милиони денари преку Програмата за рурален развој, за реализација на 3 проекти. Покрај овој проект, со цел подобрување на инфраструктурната поврзаност на населените места, од страна на Агенцијата беше прифатен проектот „Рехабилитација на локалниот пат Илинден-Марино“ во должина од 2,1 км., а третиот проект кој доби поддршка за реализација е „Изградба на пешачко-рекреативна патека Марино-Кадино“ во должина од 1.500 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП