17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСУНРРМ потпиша меморандум за соработка со бугарската Комисијата за јавен надзор на...

СУНРРМ потпиша меморандум за соработка со бугарската Комисијата за јавен надзор на овластените ревизори

ѕуи

Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (СУНРРМ) потпиша Меморандум за соработка со Комисијата за јавен надзор на овластените ревизори на Република Бугарија.

„Потпишувањето на овој Меморандумот за соработка со Комисијата за јавен надзор на овластените ревизори на Република Бугарија, претставува голема потврда и успех во работењето на СУНРРМ Република Македонија и потврда за високите европски стандарди кои ги следиме и кои ги имплементираме во нашето работење, и следствено на тоа се проширува и бројот на потпишани Меморандуми за соработка со регулаторни органи на земји членки на Европската Унија“, истакна Претседателката на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (СУНРРМ) Соња Ѓелова – Стојанова.

Таа во рамките на својата работна посета на Република Бугарија заедно со претседателот на Комисијата за јавен надзор на овластените ревизори на Република Бугарија Вања Донева во Софија, остварија работен состанок во Амбасадата на Република Македонија во Република Бугарија, каде уште еднаш беше изразено големо задоволство за воспоставената соработка во областа на ревизијата помеѓу овие тела на двете држави.

Во однос на предвидените идни меѓународните активности на кои интензивно работи (СУНРРМ), Претседателката Соња Ѓелова – Стојанова посочи дека Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија успешно ги завршил преговорите со Одборот за надзор од јавен интерес на сметководствената професија на Романија и во претстојниот период ќе биде реализирано потпишување на Меморандум за соработка, а дека воедно активно се преговара и со Одборот за јавен надзор на ревизијата на Република Хрватска кој се очекува да резултира со успех до крајот на 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП