20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Мишелин“ бега од Грција во Романија

„Мишелин“ бега од Грција во Романија

michelin

Францускиот производител на автомобилски гуми „Мишелин“ објави дека ја затвора својата филијала во Грција по 34 години работење и го префрла производството во Романија.

Компанијата во своето соопштение наведува дека ќе го префрли своето производство од Грција во Романија во рамките на процесот на реорганизација на операциите на „Мишелин“ во Централна и Јужна Европа, објави грчкиот весник „Катимерини“.

„Мишелин“ претходно предупреди дека производството на компанијата во Европа е погодено од намалувањето на продажбата и дека не е исклучена ниту една опција за адаптација кон падот на европскиот автомобилски пазар.

Француската компанија има 40 фабрики во Европа и вработува околу 64.000 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП