5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДе Вито, Шварценегер и Марфи конечно во продолжението на „Близнаци“

Де Вито, Шварценегер и Марфи конечно во продолжението на „Близнаци“

de-vito-shvarceneger

По повеќегодишните најави и одложување холивудските актери Дени Де Вито и Арнолд Шварценегер конечно би требало да заиграат заедно во продолжението на комедијата „Близнаци“ (Twins), кој ќе го носи насловот „Тројки“ (Triples), бидејќи нескладните браќа близнаци, родени со експеримент, го пронаоѓаат третиот, ништо помалку различен брат, кого треба да го игра Еди Марфи.

Дени Де Вито веднаш по доаѓањето во Лондон изјави дека одвај чека повторно да глуми покрај Арнолд Шварценегер во продолжувањето на „Близнаци“.

Шварценегер и Де Вито ги играа нескладните близнаци кои биле раздвоени при раѓањето во комедијата од 1988 година. Едниот беше висок, русокос и наивен, а другиот низок и дебел, ќелав и ситен измамник. Филмот постигна голем успех и заработи 216 милиони долари.

Де Вито призна дека за снимањето на продолжението се разговарало со години и дека сите сакаат да го продолжат проектот, но бил потребно да се најде време. Изрази надежи дека Еди Марфи ќе им се придружи во улогата на одамна изгубениот брат, раздвоен при раѓањето на тројката.

Шварценегер, славниот бодибилдер по потекло од Австрија, која оствари солидна кариера во Холивуд, а потoа од 2003 до 2011 година беше републикански гувернер на американската сојузна држава Калифорнија, се врати на снимањето филмови и, како и Де Вито, изјави дека се надева оти проектот конечно ќе биде реализиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП