7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Agricole забележа скок од 15% на профитот

Credit Agricole забележа скок од 15% на профитот

credit agricole e34

Француската банка „Credit Agricole SA“ забележа скок од 15% на добивката за третиот квартал, потпомогната од повисоката добивка од својот удел во приватната инвестициска компанија „Eurazeo SA“. Освен тоа банката го претстави и новиот претседател, соопштува „Bloomberg“.

Нето добивката е зголемена до 930 милиони евра (1 милијарди долари), највисокиот резултат за квартал од 2011-та година, објави компанијата со седиште во Монруж, Франција. Тоа ја надмина просечната оценка од 772 милиони евра на пет аналитичари анкетирани од „Bloomberg“.

„Credit Agricole“, третата најголема банка во Франција, се обидува да ги реорганизира финансиските односи со регионалните банки во кои поседува мнозински удел од доверителот и од кои банката од своја страна има акции, план кој според аналитичарите може да се ослободи капитал за акционерите. „Credit Agricole“ се фокусира на активности Франција, каде што има најголем удел на пазарот на корисничко банкарство, откако го реорганизира инвестициското банкарство и го стопираше меѓународното проширување.

Во средата Бордот на „Credit Agricole“ избра Доминик Лефевр за претседател на местото на Жан-Мари Сандер, изјави банката во една порака. Лефевр претседава и со холдинг компанијата преку која регионалните банки на групацијата управуваат со удел во записите на банката на берза банка. За прв пат од ИПО (IPO) на „Credit Agricole“ од 2001-ва година се вклопува банката и нејзината главна инвестициска група да биде претседавана од ист човек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП