17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдобрено е спојувањето на „Американ ерлајнс“ и „Ју-Ес Ервејс“

Одобрено е спојувањето на „Американ ерлајнс“ и „Ју-Ес Ервејс“

american

Судот во Њујорк го одобри спојувањето на американските авиокомпании „Американ ерлајнс“ и „Ју-Ес Ервејс“, што ќе доведе до создавање на најголемата авиокомпанија во светот.

Одобрението на судот беше неопходно, бидејќи од ноември 2011 година „Американ ерлајнс“ е во состојба на банкрот.

За зделката меѓу двете авиокомпании беше соопштено на 14 февруари оваа година, кога управните одбори на двете компании дадоа согласност за потпишување на спогодбата. Последниот чекор во овој процес останува на федералните регулаторни органи, кои треба да одлучат дали зделката ги нарушува антимонополските закони на САД.

Доколку спојувањето биде одобрено ќе биде создадена најголемата авикомпанија во светот со пазарна капитализација од 11 милијарди долари. Се претпоставува дека на кредиторите на „Американ ерлајнс“ ќе им припаднат 72 отсто од обединетитата компанија, а на акционерите од „Ју-Ес Ервејс“ 28 отсто. Се очекува зделката да биде завршена оваа есен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП