4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБавен, но стабилен економски раст во еврозоната

Бавен, но стабилен економски раст во еврозоната

evrozonata

Внимателно следената анкета на истражувачката куќа Маркит од Лондон покажа дека економијата во 19-те земји на еврозоната расте со стабилно темпо, иако без значителен напредок, и покрај големите стимулации кои ги лансираше Европската централна банка (ЕЦБ).

Маркит наведува дека индексот за управување со набавката, кој е мерило за економските активности во преработувачкиот и услужниот сектор, во октомври пораснал на 53,9 од 53,6 поени забележани во септември, кога индексот беше на четиригодишен минимум, пренесува агенцијата АП.

Секој резултат над 50 поени укажува на раст, а под 50 поени на пад на секторските активности.

Минатомесечниот индекс укажува на тоа дека економскиот раст на еврозоната во третиот квартал изнесувал 0,4 проценти. Меѓу четирите најголеми економии на еврозоната, Шпанија бележи најголема стапка на раст, а Франција најмала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП