2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрегрупирања на телекомуникацискиот пазар

Прегрупирања на телекомуникацискиот пазар

aab

Двете компании Оне и Вип станаа еден играч на пазарот. Новата компанија Оне.Вип  има  1,3  милиони корисници и 5 процентен пазарен удел, по бројот на сим картички. Граѓаните очекуваат подобра услуга  и пониски цени.

Според последното истражување на пазарот од страна на Агенцијата за електронски комуникации двете компании Оне.Вип сега ќе имаат повеќе корисници во однос на конкурентот Т-мобиле. Спојувањето на Оне и Вип, најавено во октомври лани, една година подоцна стана реалност . Виртуелниот мобилен оператор Албафоне  пропадна по само две години.

Т-Мобиле и Македонски Телеком станаа една компанија. Вкупниот број на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 2.131.027.  Од нив, над  47 проценти се кај Т-Мобиле, 27,5 кај Вип и 25 кај Оне. Бројот на претплатници во мобилната телефонија расте или опаѓа зависно од периодот на годината и понудените услуги. Во првиот квартал од годинава во земјава имало 2.1 милиони активни претплатници во мобилната телефонија што е намалување во однос на истиот период лани. Процентуалниот пад на бројот на корисници кои ги користеле услугите  како повик, испраќање пораки во мобилната телефонија во првиот квартал од 2015 во однос на претходниот квартал изнесува 4,2  отсто, што е намалување во однос на истиот квартал од претходната година.

 

АЕК очекува пониски цени

Цените  на  разговорите  во мобилната телефонија  може да одат само надолу, прогнозира првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски . Новите компании во телекомуникацискиот сектор ќе овозможат подобри услуги за корисниците. Вели- ова е практика и во европските земји . Високите цени создаваа високи приходи, но цените низ годините паднаа за речиси 70 проценти. Во Македонија од 3,5 денари за минута до 1,1 , тоа ги намали приходите на компаниите. Консолидацијата има за цел да ги намали трошоците. Во наредниот период  се очекува и влез на виртуелни оператори кои дополнително Македонија ќе ја доближат до европските бројки  во телекомуникациите, вели Орданоски. Звучни имиња од овој сектор веќе го анализираат македонскиот пазар.

 

Раст и на мобилниот интернет

Мобилниот интернет е во постојан пораст, за 5 години надминал 55 проценти од вкупниот број на претплатници велат од АЕК. Секоја година се зголемува за речиси 100 проценти. Има 357 383 претплатници со пристап до фиксен интернет што е зголемување од 4,5 проценти со истиот период лани. Очекувањата на АЕК се новите компании да инвестираат во нови сервиси и нови мрежи. Операторите ќе треба да создадат услови, што подразбира намалување на цените и попристапна цена на фиксниот интернет. Во новиот правилник беа  наметнати нови правила за операторите со цел заштита на правата на корисниците вели Орданоски . Од 1 јули беа намалени и цените на регионалниот интренет. АЕК формира Национален центар за заштита на компјутерски инциденти, што подразбира во иднина секој упад да биде утврден и санкциониран. Плановите се во наредните години АЕК да ја оствари европската агенда,  до 2020  сите граѓани да имаат пристап до мрежи со брзини не помали до 30 мегабити во секунда, а половина до мрежи не помали од 100 мегабити, таканаречен широкопојасен интернет. Иднината во мобилниот интернет ќе го олесни и ракувањето со домашните  апарати  кои ќе може да се контролираат и од работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП